Почна трката за шеф на државата

од Nikola Popovski
792 прегледи

Почна кампањата за претседателските избори. Седум кандидати во трка за местото на претседателската вила „Водно“. Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден. За парламентарните избори пак, 17 коалиции и партии и една независна листа, кои треба да ги потврди Државната изборна комисија.

Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува со централен митинг во Прилеп. Претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани и Крушево. ВМРО-ДПМНЕ вечер пред Владата ќе одржи митинг, на кој ќе говорат кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи најави прес-конференција пред вила „Водно“, а Билјана Ванковска и Левица ќе се претстават пред струмичани. Претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево.

Листи во сите шест изборни единици имаат СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ЗНАМ на Максим Димитриевски, ГРОМ на Стевчо Јакимовски, коалицијата на ДУИ, на албанската опозиција „Вреди“ и Левица.

Местата до реден број 7 на гласачкото ливче за 8-ми мај веќе се резервирани за партиите кои поддржуваат претседателски кандидат. За останатите, ДИК треба до 13-ти април да направи ждрепка.

Слични содржини