Почнаа оставките на ДУИ – По зам.министерот падна и ген секот на ДУИ Хазби Лика

од Vladimir Zorba
179 прегледи

По  оставката од фунцијата заменик министер за одбрана на Арбен Лабеништа од ДУИ синоќа  и генералниот секретар на ДУИ, Хазби Лика ја напуштил партиската функција, пренесе Либертас.Си оди ли ДУИ од Владата на Груевски?

hazbi-lika1

Оваа информацијa ја обелоден аналитичарот Арсим Зеколи на својот фејсбук профил. Причината за оставката на Лика според извори од ДУИ е што одлучил да го следи ставот на членството и со овој потег да се дистанцира од раководството што сеуште седело во владата на Груевски.

– Со овој чин – вели изворот на Либертас – Лика сакал јавно да го искаже неговиот протест за молкот што го продолжува ДУИ околу објавувањето на содржините на бомбите што ги објавува опозицијата и да се солидаризира со членството и симпатизерите на ДУИ кои бараат напуштање на владата на Груевски.

Истиот извор наведува дека  е можно оставки во партијата да поднесат и Рафиз Алити, Ружди Љата и пратеникот од Студеничани, ЌафА

Претходно и заменик министерот Лабеништа на фејсбук соопшти дека ја напушта функцијата и не сака да биде во влада со луѓе кои употребуваат погрдни зборови за албанците.

Извори од ДУИ, БЕСА  и ПДП за  состојбите  во албанскиот политички кампус за локално.мк анализираат дека се ова е само  вовед и кршење на колицијата од интерес на Ахмети и Груевски. Тоа е очекуваниот притисок  од внатре за ухлебените бизнис функционери на ДУИ,  кои по секоја цена го одложуваат излегувањето од „братјата“ со ВМРО ДПМНЕ.

Тие прогнозираат дека до крајот на месецот , пред конгресот на ВМРО ДПМНЕ е можно ДУИ , официјално да ја раскине  колицијата со ВМРО ДПМНЕ. Во оваа  разврска на потресите во албанскиот кампус кои почнуваат со оставките во ДУИ, нашите соговорници очекуваат сериозно позиционирање и на градоначалникот СЕЛА кој цврсто го урива ДПА и луѓето околу МЕндух Тачи, исто бизнис „политичари“.

Тачи пак веројатно може , тој е пазарен веќе, но  ќе биде тешко  да го пополни и издржи местото на  ДУИ во Парламентот, во спротивно ќе мора и самиот докрај да ја  демистифицира својата политичка опстојба, и да му направи услуга на Зијадин СЕЛА целосно да му го преземе членството.

Сите комбинаторките се можни,  но бомбите  на ЗАЕВ  сигурно отворија реконпонирање  во  албанскиот политички кампус,  во кој досега беше неприкосновен ДУИ , кои веќе го губат контактот с ограноците и членството и затоа меѓу другото се глумеше со тематски конгреси и гости од странство бидејќи своите од дома ги изгубија,  коментираат политичките опононети.