Почнаа со работа обвинителите и судиите-Срби во северот на Косово

од Vladimir Zorba
64 прегледи

  Косовскиот претседател,Хашим Тачи,информираше дека почнале со работа обвинителте  судите од српска нацоналност во севернот дел на Косово кои со указ ги наименува тој.

– Денеска официјално почнаа со работа обвинителите и судиите на Република Косово од немнозинската заедница во северниот дел на земјата. Со афирмативните активности ние обезбедивме судовите и обвинитествата да го збогатат етничкиот состав. Со интеграцијата на судиите и обвинителите од немнозинската заедница во судскиот и системот на обвинители на Република Косово,ние заокруживме една многу значајна етапа за нашата земја-присуство на правосудните органи на целата територија и за сите граѓани на Косово, напиша Тачи на својот профил на фејсбук.

Заклетва пред Тачи тие положија на 24 октомври, заедно со 11 судии и обвинители од од другите немнозински етнички заедници или вкупно 53. Тоа врз основа на  договорот од Брисел постигнат во дијалогот помеѓу Белград и Приштина на 10 февруари 2015 година.

Тогаш Тачи изјави дека овој чин е една од афирмативните мерки,кои косовските институции ги превземаат за да се постигне целосна  рамноправност на припадниците на заедниците.

-Косово е изградено врз уставните принципи, сеопфатност, рамноправност  и слобода на секого. Косово презеде адекватни мерки за да промовира целосна и ефикасна рамноправност меѓу прпадницте на заедниците  во сите области од животот, економијата, општеството, политиката и културата, посочи Тачи.

Според него, одредувањето судии и обвинителите од немнозинските заедници ја отсликува мултиетничката природа на Косово.