Вчера обвинителката Елизабета Јосифовска денеска Лиле Стефанова , утре Катица Јанева…

Прва беше обвинителката на СЈО Елизабета Јосифовска која вчера била повикана во Јавното обвинителство каде дала исказ за случајот „Рекет“.
Државниот обвинител Љубомир Јовевски, денеска за МИА потврди, дека обвинителката Елизабета Јосифовска е сослушана пред надлежен јавен обвинител.
Таа пак претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.
Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“, беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.
Денеска на сослушување во Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да дојде обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, во која осомничен е Орце Камчев, сега како сведок-жртва во случајот „Рекет“.
Следна на сослушување ќе биде повикана и Јанева. И двете обвинителки се споменуваат во разговорите на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во „Рекет“, и Камчев, а на Јанева и се слуша и гласот.
Снимени разговори меѓу Боки 13 и Камчев, како и видеоснимка од домот на Камчев три дена по ред објавуваше италијанскиот весник „Ла Верита“.
Српските медиуми деновове поитаа целата одговорност да ја сведат врз премиерот Зоран Заев, слична изјзава даде и претседателот Александар Вучиќ кој застана против премиеорт Зоран Заев, кој пак на неколку наврати јавно исклучи каква било вклученост и инволвираност во случајот „Рекет “и побара итна истрага.
Вчера расчистување на случајот побара и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пораки за брза истрага колку за показ дека властите на Скопје за за владеење на правото побараа САД и ЕУ .