Почнува исплатата на пензиите за месец мај

од Nikola Popovski

Согласно претходно одлука на Владата, од утре (26-ти мај) ќе започне исплатата на мајските пензии. Така и претходниот пат, пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата,согласно следниот распоред:

-среда 26.05.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари

-четврток 27.05.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари

-петок 28.05.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари

-понеделник 31.05.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

Пензионерите, пак, кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа веќе од утре, 26-ти мај.

 

Слични содржини