Денеска официјално беше отворена фабриката за одгледување канабис за медицински цели во Општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.Се работи за Гринфилд инвестиција на компанијата „Њујорк – Скопје холдинг“.Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.
-Ваквите инвестции влеваат сигурност отвараат кавлитетни работни места. Компанијата ,,НЈСК Холдинг” извезува производи до сите континенти во светот.Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, изјави премиерот Зоран Заев, во своето обраќање.