Почнуваат чествувањата по повод Денот на Армијата

од Даниел Ѓорѓиевски
113 прегледи

По повод чествувањето на 18-ти август Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје, предвидена е церемонија за полагање венци цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Венци со цвеќе ќе положат делегации на Армијата, Министерството за одбрана, кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на резервните воени стрешини и други.

Слични содржини