Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди денеска пограничниот регион меѓу Македонија, Косово и Србија. Според официјалните податоци, потресот е регистриран околу 11:41 часот. Земјотресот е почувствуван во главниот град Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 41 километар југоисточно од Приштина и 9 километри јужно од Гњилане, на длабочина од 9 километри.
Нема информации за материјална штета и не се знае дали овој земјотрес е почувствуван и во другите градови од државата.
Синоќа во 19 часот и 45 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 112 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9. Земјотресот бил почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во последните неколку денови се забележани повеќе слаби потреси на македонско тло.