Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рано изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на 115 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 19 километри североисточно од Подградец во Република Албанија, на длабочина од пет километри.
Инаку, вчера земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава.