265
Вечерва во 19 часот бил почувствуван земјотрес со послаб интензитет во делови од Македонија, соопштила Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Според податоците, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
-Земјотрес беше со магнитуда од 2,2 степени според Рихтер, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, велат Сеизмолошката опсерваторија Скопје.