Почувствуван земјотрес во Македонија

од Nikola Popovski
28 прегледи

Земјотрес чиј епицентар бил во Грција, утринава е почувствуван и во Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија утринава во 06:04 часот регистрираше земјотрес со магнитуда од ML3.4 според Рихтеровата скала, со епицентар во пограничното подрачје Битола–Лерин, во соседна Грција, на околу 125 километри јужно од Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС). Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Слични содржини