Почувствуван земјотрес во охридско

од desk2
68 прегледи

Земјотрес од 2.8 степени утрово е почувствуван во Западна Македонија.

Епицентарот е на 7 км од Охрид и на 3 км од Косел, а потресот бил на длабочина од 10 км.

Потресот е почувствуван нешто по 7 часот денеска.

Земјотреси денеска имало во Егејско Море, Турција, Франција, Сицилија.