66
Утрово повторно бил почувствуван земјотрес во Скопје и околината Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) со седиште во Франција, потресот бил регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на 8 километри северно од Скопје, односно на границата меѓу Македонија, Косово и Србија.
Јачината на земјотресот е од 2,2 степени и имал длабочина од осум километри.
Нема информации за можни штети од земјотресот.
Пред три дена исто така беше почувствуван земјотрес во северниот дел од земјава откако повторно бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово. Јачината на земјотресот беше 2 степени според Рихтер.