Единицата за тешки злосторства на националната полиција на Хаити истражува неколку странски државјани, вклучувајќи Американци кои беа уапсени со полуавтоматски пушки , коментира премиерот Жан-Хенри Цеант, цитиран од “Ројтерс”.
Групата, која вклучува петмина американски државјани , е уапсена во два автомобили во главниот град Порт-о-Пренс, што доведе до несигурност во најсиромашната карипска земја по деновите на антивладини протести .
Политичката криза на Хаити е влошена од една недела на насилство и судири за време на протестите. Илјадници демонстранти повикаа на оставка на претседателот Џовенел Мозес со обвинувања за корупција и висока инфлација . Според извештаите, девет лица загинаа во текот на минатата недела во самите протести .
Премиерот коментира дека свикал полицискиот совет за безбедност во Хаити, кој вклучува министрите за внатрешни работи и правда и вишите полициски службеници , за да разговара за случајот со приведените странски државјани.
Американскиот Стејт департмент потврдува дека американските граѓани се дел од групата, но не го откриваат нивниот идентитет .
Имиња дадени од медиумите на Хаити , одговараат на профилите на социјалните медиуми на американските граѓани и српски државјани , кои имаатг високи воени вештини и моментно работат за безбедносни компании .
Шефот на националната полиција Мишел Анже Гидеон вели дека групата прво се соочува со обвиненија за нелегално поседување на оружје .
Три од мажите , 44-годишниот Кристофер Мајкл Осман, 52-годишниот Кент Леанд Крокер и 49-годишниот Кристофер Марк Меккинли, се американски ветерани . Четвртото лице, 52-годишниот Талон Реј Бартон, работел како федерален изведувач за американската влада , известува Њујорк пост.
Тројца други, меѓу кои и руски, српски и хаитски државјани , патувале исто со Американците и биле уапсени . Локалните власти известуваат дека сè уште не знаат што прави оваа група во земјата .
Руската амбасада во Хаити истакнува дека меѓу уапсените нема Руси . Пред тоа АФП истакнува дека осум лица се приведени во Порт-о-Пренс по обвинение за создавање на криминална група , вклучувајќи државјанин на Руската Федерација, соопшти ТАСС.
Руската амбасада во Венецуела (истовремено во Република Хаити и Доминиканската Република) побива информации за наводното апсење на Русин во Хаити .