Под силно полициско обезбедување, Мијалков спроведен во Шутка

од Берта Китинска

Откако Судот му одреди мерка затворски притвор поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, попладневно беше спроведен во затворот Шутка.

Тој во затворот пристигна во полициско комбе и со силно полициско обезбедување и интервентна полиција.

Поранешниот директор на УБК почнува да го издржува 60 дневниот притвор кој судот ми го одреди поради опасност од бегство.

Мијалков днеска беше осуден на 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на седумгодишното масовно прислушување и уништување на опремата.

Освен Екс шефот на УБК, затворска казна од четири години за овој случај доби и екс министерката Гордана Јанкулоска.

Поранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција добија по 15 години затвор. За поранешниот шеф на Кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, пресудија 6 години затвор, а три години затвор за началничката Надица Николиќ која беше обвинета дека учествувала во прислушувањето.

Слични содржини