По повод 60-от роденден на покојната принцеза Дајана, нејзините синови Вилијам и Хари ја претставија статуата посветена на нивната мајка. Под статуата на принцезата се врежани текстовите на песната „The Measure of a Man“, која беше дел од спомен обележјето на покојната Дајана во 2007 година, пишува списанието „Пипл“.
“Ова е мерка за вредноста на жената како жена, без оглед на нејзиното раѓање. Не е важно каде живеела, туку дали имала срце и како ја играла улогата што Бог ја има наменето за неа”, стои под статуата .
Овие стихови обично се читаат на погреби во чест на сеќавањето на лицето кое починало.
Принцовите Вилијам и Хари минатата недела за момент ги заборавија сите несогласувања и ја претставија статуата посветена на нивната мајка.
Статуата стои во омилената градина на нејзиниот поранешен дом, палатата Кенсингтон во центарот на Лондон.