Под закана да биде избркана од Шенген, Грција прифати помош од ЕУ за бегалците

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Грција побарала од Европската унија помош за јакнење на обезбедувањето на границите, како и за справување со приливот на мигранти во земјата земајќи ги предвид предупредувањето на нејзините партнери во ЕУ, дека може да биде исклучена од Шенген зоната, пишува Ројтерс.

границ

Неколку часа пред европските министри за внатрешни работи да се состанат  и да разговараат за мерки против неспособноста на Грција да се справи со мигрантите, владата во Атина се согласи да прифати европска помош, како и странски гранични чувари. Иако претставниците на ЕУ ја негираа можноста Грција да биде исклучена од Шенген според дипломати Атина е под сериозно тензии, бидејќи до петок таа треба да докаже дека може да соработува за прашањата со мигрантите.

Атина  прифатила три понуди – вработени на ЕУ да  помагаат на нејзината  северен граница со Македонија , странски гранични чувари да бидат распоредени на нејзините острови во Егејското Море, како и да прифати шатори и храната во помош на мигрантите. Одлуката на Грција доаѓа откако претходно вчера  имаче нови судири меѓу мигранти и бегалци на нејзината граница со Македонија кои  оставија двајца повредени.

Во моментов македонските власти дозволуваат единствено влез  на бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак да ја преминуваат границата од Грција и да продолжат кон ЕУ. Ова доведе до протести на мигрантите од други земји, кои се блокирани од грчката страна на границата со Македонија крај преминот Идомени од минатата среда наваму. Вчерашните судири избија меѓу две групи – мигранти од Иран и Пакистан од една страна и бегалци од Авганистан од друга. И двете страни се гаѓаа  со камења. Претходно маж, за кој се претпоставува дека е марокански државјанин, почина како последица на струен удар, откако се  фати на  високоволтниот железничката кабел при обидот да се качи на товарен воз.

оград1

Европската комисија соопшти дека Атина официјално исто така активира две програми за помош. Едната е Европскиот механизам за цивилна заштита, кој е создаден за справување со природни катастрофи како поплави и земјотреси. Тој ќе обезбеди шатори, генератори и друга опрема за сместувањето на мигрантите во зима. Во исто време по грчките острови “Фронтекс” ќе организира Тим за брза гранична интервенција (RaBIT), во рамките на кој земјите од ЕУ ќе треба да ги  зајакнат граничните службеници на Грција. Ова е втор пат, во кој овој механизам се користи.

Пред тоа Атина повторно имаше корист од него во текот на зимата на 2010 година – 2011 година, кога повторно имало наплив на луѓе, минувајќи  ја нејзината копнена  граница со Турција.

4539668

Претходно весник “Фајненшл тајмс” објави дека за време на министерскиот состанок на ЕУ во петокот во Брисел е можно да биде донесена одлука за укинување на Шенгенскиот договор. Ако овој предлог биде прифатен, Европската комисија ќе може да затвори една или неколку надворешни граници за период од две години. Тоа практично ќе значи воведување на гранична контрола сличен на оној кој беше воведен уште во крајот на летото од Германија и Австрија. Министерската средба во Брисел доаѓа по повторените предупредувања кон властите во Грција и повиците Атина да го преиспита својот став во однос на мигрантите и да побара помош. Во спротивно ќе се соочи со исклучување од Шенген, пишува уште весникот. “Фајненшл тајмс” и наведува дека оваа мерка може да влијае на  уште една држава. Предлогот за укинување на Шенгенскиот договор е поднесен од Луксембург. / БГНЕС и Ројтерс

Слични содржини