290
Гевгеличанец под закана со нож извршил обљуба врз девојка, информираат од полицијата.
За делото се товари Д. П. (24) од Гевгелија, против кого е поднесена кривична пријава.
Тој на 19-ти декември во викенд куќа во гевгелиско село, физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа.
Како што информираа од СВР Струмица, во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.