Дури 76 граѓани на Босна и Херцеговина загинале во Ирак и во Сирија, наведено е во извештајот на службата за безбедност на БиХ, објави сараевскиот портал Журнал, кој има документ за тоа.

Меѓу загинатите се и четири деца, како и пет жени кои на територијата на Сирија и на Ирак отишле со своите сопрузи, припадници на Исламска држава, се наведува во текстот.
Уште петмина родени во БиХ војувале во Сирија и во Ирак или таму престојувале како државјани на друга земја.
Журнал објави поединости за сите државјани на БиХ кои загинале во Сирија и во Ирак.