Не постои пишано правило според кое се учи како да се биде романтичен. Тоа е индивидуална карактеристика на секој човек. Некои се повеќе, некои помалку, а некои речиси и да не се романтични.
Но, астрологијата тврди дека секој хороскопски знак има по нешто романтично во себе.
Еве како тие ја „презентираат“ романтиката пред саканата личност:
Овен
Кога сака да ја покаже својата романтична страна, готви за партнерот или му подарува нешто што самиот го изработил. Најмногу уживаат во воодушевувањето кое другиот ќе го покаже поради нивното дело.
Бик
Биковите не штедат на гламур, бидејќи сметаат дека со тоа привлекуваат и импресионираат. Ако забележите дека го прави тоа, знајте дека се работи за романтичен потег, за да ве воодушеват.
Близнаци
Тие се романтични, а тоа го покажуваат со внимателно избрани подароци, кои може и да не се скапи, но со сигурност се допаѓаат на другиот. Многу често приредуваат интересни изненадувања.
Рак
Раковите безрезервно даваат поддршка, ги задоволуваат желбите на партнерот, внимателни се и не забораваат да дадат до знаење дека сакаат да го минуваат своето време токму со вас.
Лав
Лавовите сакаат да купуваат скапи и значајни подароци и кога се вљубени, само небото е граница за нив. Најмногу ги радува воодушевувањето на лицето на нивната сакана личност.
Девица
Девиците сакаат да добиваат исто колку што даваат. Сонуваат за романса, љубов и страст и очекуваат партнерот да го чувствува истото и да се вложува подеднакво колку и нив.
Вага
Вагите се романтични по природа, а кога се со партнер во кој се силно вљубени, сакаат што повеќе да го „имитираат“, односно го прифаќаат нивното однесување и начинот на изразување.
Скорпија
Скорпиите се склони кон посесивно врзување за својот партнер и неуморно ја планираат заедничката иднина. Но, некогаш тоа по малку и го избезумува партнерот, па тој често бега од нив.
Стрелец
Стрелците се романтични сонувачи, но и покрај тоа се пребирливи кого ќе пуштат во својот живот и во кого ќе се вљубат. Но, кога тоа ќе ги случи, тие се несопирливи во својата романтика.
Јарец
Јарците сакаат да се шегуваат со блиски личности, а ако спомнете своја желба пред нив, можете да очекувате дека ќе направат сè што е во нивна моќ за да ве доближат до исполнување.
Водолија
Водолиите јавно не покажуваат чувства и интимност, но тоа двојно го надоместуваат кога се сами со саканата личност. Тогаш не штедат ниту комплименти, ниту планови, ниту ветувања.
Риби
Кога се погодени од романсата, Рибите се во целосен љубовен занес. Во тие моменти не трпат никаква конкуренција, а тоа ги прави навистина допадливи и неодоливи во очите на партнерот.