Поддржан проектот во Скопје да се воведе Бас рапид транзит

од Aleksandar Todeski
510 прегледи

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за воведување на БРТ, односно „Бас Рапид Транзит“ на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори).

Овој систем, соопшти вечерва владиниот Сектор за односи со јавноста, коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

Слични содржини