Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, во петокот објави дека главниот град на Црна Гора ќе добие парк посветен на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина пред седум дена.
„Почитувајќи ги предлозите на наши сограѓани кои брилијантно реагираа на веста дека главниот град има намера да се збогува со Ѓорѓе Балашевиќ на соодветен начин, решивме да формираме нова парковска област на булеварот Михаил Лалиќ наместо мурал во чест на големиот југословенски кантавтор“, сподели Вуковиќ на Фејсбук.
Тој изјави дека ќе засади 68 садници од различни видови дрвја на над 5.000 квадратни метри, објави веб-страницата на РТЦГ.
– Последниот, орев, ќе биде засаден на 11 мај, на неговиот 68 роденден, кога ќе им го предадеме паркот за употреба на жителите на главниот град – додаде Вуковиќ.