Подготвен сум, да одам во Софија и на прагматичен начин да замолам за решение, рече денеска премиерот Зоран Заев.
– Да замолам за решение на прагамтични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји, изјави Заев.
Тој кажа дека верува дека ќе се изнајде решение за спорот.
-Верувам дека ќе бидеме мудири, комплетно како што стоиме сите, а посебно Владата во заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и дека ќе се изнајде конечно решение да направиме исчекор. Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави премиерот.