Пендаровски: Подготвени сме веднаш да седнеме со Бугарија на преговарачка маса

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Северна Македонија е подотвена веднаш повторно да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ, изјави претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска од Брисел.

Проблемот, според Пендаровски е што изборите во Бугарија завршија без јасен победник и веројатно ќе има нови избори во јули, до тогаш ќе има само техничка влада која нема легитимитет да носи одлуки.

-Ние сме подготвени уште денес да се вратиме на масата, рече претседателот, но со познатите црвени линии во преговорите.

За него е неопходно сега да се идентификува соговорник од бугарска страна, без разлика дали станува збор за поединец, институција или влада.

-Зависи само од Бугарија, рече претседателот на државата.