Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ако Украина сака да започне преговори со Русија, тогаш треба да го поништи указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.
„Претседателот на Украина издаде декрет со кој се забранува водење на мировни преговори со нас – на сите и на самиот себе. Како можеме да водиме преговори ако тие тоа не го сакаат, згора на тоа издадоа дури и регулаторен документ со кој се забрануваат преговори“, изјави Путин во интервју за кинеската централна телевизија.
Како што додаде, доколку украинската страна сака да започне преговори, прво треба да ја поништи споменатата регулатива.
„И да објави дека е подготвена за преговори. Ние сме подготвени“, рече Путин.
Тој исто така рече дека предлозите на Кина за украинскиот конфликт се реални и можат да бидат основа за мирно решение на ситуацијата.
„Многу ги цениме предлозите на нашите кинески пријатели. Мислам дека се сосема реални. Во секој случај, тие би можеле да се искористат како основа за мировни преговори“, рече рускиот претседател, посочувајќи дека Русија ѝ е благодарна на Кина што размислува како да стави крај на руско-украинската криза.
Тој посочи дека Москва никогаш не била против решавање на конфликтот во Украина по мирен пат, туку со почитување на руските безбедносни гаранции.
Путин повтори дека украинската контраофанзива нема резултати, а загубите на Киев се осум пати поголеми од руските.
„Тие започнаа активни борбени операции, таканаречена контраофанзива, која трае од 4 јуни. Засега немаат резултати, само огромни загуби“, рече претседателот на Русија.