Подгответе се за ѕвезден спектакл: Дожд од метеори и полна месечина во иста ноќ

од desk2
187 прегледи

Дожд од метеори и своевиден ѕвезден спектакл ќе биде видлив и оваа година. Ако сте меѓу вљубениците во ѕвезденото небо, ноќта меѓу 12-ти и 13-ти август пронајдете убаво, мирно и високо место од кое ќе уживате во “ѕвездениот дожд”, кога ќе тој ќе биде најинтезивен.

Погледот во небото овој август можеби малку ќе ја поремети полната Месечина, а најдобрите услови за гледање на дождот Персеида ќе биде од 22 часот до утрото.

Дождот од таканаречени метеорски роеви, специфичен е по метеорите кои се многу “поогнени” и посветли од типичните. Секоја година тие го прекриваат небото кога Земјата се разминува со кометата Свифт Татл, а потоа ситни парчиња од кометата се судираат со нашата атмосфера и така прават “огнени кугли”.

Доколку сакате да ја набљудувате оваа појава, како што се наведува на сајтот на НАСА, во зависност од времето кога го гледате спектаклот, дождот од метеори може да изгледа различно. Така, ако го гледате небото во околу 22 часот, ќе видите помалку метеори, но тие ќе имаат поголеми “опашки”.

Кога ќе го достигне својот врв, дождот Персеида може да содржи меѓу 50 и 100 метеори по час, пренесува “Business Insider”.

Името Персеида потекнува од соѕвездието Персеј, откаде се појавуваат метеорите.

Затоа, ако сте во можност, а сакате да го гледате ѕвезденото небо, оддалечете се од градската бука и осветлувањето, најдобро на некој рид, и уживајте додека ги гледате ѕвездите кои паѓаат.