
Една од ѕвездите на Реал Мадрид, Герет Бејл навести дека деновите му во кралскиот клуб се изброени, коментираат медиумите во Шпанија.
По поразот со 0:1 од Рајо Ваљекано синоќа, Велшанецот побрзал да фати такси за аеродромот, за да се врати во својата татковина, откако дури не почекал за да се прибере со своите соиграчи.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан даде два дена одмор на тимот пред мечот со Виљареал, а напаѓачот не почека ни минута.
Французинот не успеа да одговори на прашање на прес-конференцијата по натпреварот дали Бејл е 100% посветен на Реал и ги посоветува новинарите да му се обратат на него за оваа тема.