Подмладокот на „Огнените“: Членови на новата Видео-лотарија се роднини на министри од ДУИ

од Nikola Popovski
149 прегледи

Подмладокот на „Огнената група“, кои во иднина ќе делуваат како фракција на ДУИ, денеска обвини дека се формираат компании за игри на среќа, чии предводници се роднини на министри од ДУИ.

-Чувствуваме загриженост што ќе се формира нова Видео-лотарија од страна на Владата, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали знаете дека младите се повеќе подложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните, рече Сали од „Огнената група“.

Од помладокот побараа од Владата да размислат повеќе за изградба на можности за развивање на младите лица.

-Три членови на новата Видео-лотарија се роднини на министри од ДУИ. Да не си играте со нашата среќа, побара Сали на денешниот брифинг со новинарите.

Слични содржини