Подморницата на Маск стигна во Тајланд, дали ќе учествува во спасувањето?

од desk2
144 прегледи

Претприемачот и иноватор, Елон Маск, синоќа со својот најнов изум им се приклучи на спасувачката екипа, во акцијата за извлекување на заглавените деца од пештерата во Тајланд.

„Мини-подморницата“ на Елон Маск, односно подводната капсула за превоз на децата, синоќа стигна во Тајланд, пренесува „NBC“.

Ова го потврди и самиот Маск, кој пристигна во Тајланд заедно со подморницата.

„Штотуку се вратив од пештерата 3. Капсулата е подготвена ако биде потребно. Направена е од делови на ракета и наречена е Дива свиња, по фудбалскиот тим на децата. Ќе ја оставам овде, ако има потреба да се користи во иднина. Тајланд е толку прекрасен“, напиша Маск на Twitter.

Подморницата на Маск ја влечат двајца нуркачи

Имено, подводната капсула на Маск, која нема сопствен погон, ја влечат двајца нуркачи, односно ја туркаат. Таа е направена од сребрени цевки за пренесување на кислород, а требаше да биде искористена за вселенската ракета Falcon 9, на неговата компанија Space X.

„Мини-подморницата е доволно лесна за да ја носат двајца нуркачи, односно доволно мала“, напиша Елон Маск на социјалните мрежи.

Вчера, инаку, заврши уште еден ден од акцијата за спасување, а беа извлечени уште четири деца од пештерата во Тајланд.

Вкупно досега се спасени осум деца, а тренерот и уште четири момчиња останаа во пештерата. Таму поминаа веќе 17 дена, а се очекува во денешната акција сите да бидат спасени.