Поднесена иницијатива за гласање недоверба на Владата

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците на АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата.

Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница, односно најдоцна до четврток.

Николоски посочи дека во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и очекува во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник.

Според него доколку партиските програми на Алтернатива, Левица, Беса, Алијанса за Албанците и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се усогласат, можно е да се изгласа нова Влада во рамки на тековниот мандат на пратеничкиот состав.

Слични содржини