Поднесена кривична против Ибраимовски поради заканите кон уставен судија

од Nikola Popovski
35 прегледи

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24.06.2024 од страна на претседателот на Уставниот суд кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од лидерот на партијата ПЦЕР, Самка Ибраимовски преку социјална мрежа.

МВР презеде соодветни мерки и извршиле службен разговор со Ибраимовски во СВР Тетово.

-Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик. Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд, информираа од полицијата.

Ибраимовски вчера порача дека не се заканувал никому.

-Тоа што ме пријавија во полиција е заради тоа што пишувам на Фејсбук и сум еден од предлагачите на Законот за облигациски односи. Имам демократско право да пишувам. Сепак, сметам дека е срамно што една колешка која беше пратеник со мене, а сега уставна судијка, Ана Павловска-Данева, да ме пријави во полиција дека наводно сум сакал да вршам убиства. Само сум поставил прашања – што ако настанат убиства? Само сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене и велат дека ќе земат пиштол и ќе убијат некого или сами ќе се убијат… Кој би одговарал за тоа?, кажа поранешниот пратеник на прес-конференција.

Како што вели, Павловска Данева добро го познава и смета дека требала да има почит кон него и да го побара по телефон.

Слични содржини