До вчерашниот ден во државната изборна комисија се поднесени се вкупно 23 приговори.
Како што соопшти ДИК, политичката партија ТМРО доставила седум приговори во општината Старо Нагоричане и тоа за избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181.
Седум приговори поднесе и Коалицијата на СДСМ. Тие се однесуваат за избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани и избирачкото место 882 во општина Чешиново-Облешево.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор за едно изборачки место, 1532, во Пробиштип.
Пет приговори пристигнале и од Демократската Унија за интеграција. Тие се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во општина Студеничани, и избирачките места број 2107 и 2108/1 во општина Желино.
За општина Брвеница поднесени три приговори од страна на Група избирачи Енвер Пајазити и тоа за избирачките места 2037, 2040/1 и 2038.