Поднесени кривични пријави за забавите на Градиште од 1-ви август

од Nikola Popovski

Поднесена е кривична пријава против тројца скопјани – И.И.(33), Г.Ј.(34) и С.Ј.(34), како и против фирма од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Пријавените организирале музички настан на 1-ви август во Градиште и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест Ковид-19 и протоколите за отворање и работа со кафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби“, сооштија од МВР.

 

Слични содржини