Подољак изнесе претпоставка кога Русија ќе биде подготвена за преговори

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Советникот во Кабинетот на претседателот на Украина, Михајло Подољак, смета дека Русија политички и психолошки не е подготвена за преговори со Украина и повлекување на војниците, но дека ќе биде подготвена откако украинските сили ќе ја преземат контролата врз Доњецк или Луганск.

„Политички и психолошки Русија не е подготвена за преговори со Украина и повлекување на војниците. Но, тоа ќе се случи. Веднаш по ослободувањето на Доњецк или Луганск“, напиша Подољак на Твитер.

Според него, поддршката за војната во Русија рапидно опаѓа и сите од, како што наведе, „олигарсите до чевларите“ се согласуваат дека е време да се стави крај на војната.

Слични содржини