Оваа година ќе се обновува инфраструктурата во Моноспитовското блато за полесен пристап и поголема посетеност на овој природен резерват богат со уникатни растенија и животни. Општина Босилово доби 65 илјади евра од ИПА 2 програмата на ЕУ за обновување на веќе постоечките патеки и посматрачници со цел ова мочуриште да биде туристичка и научна дестинација.

„Реконструкција на патеки во Моноспитовско блато во должина од еден километар, реконструкција на набљудувачници, на куќички за засолнување, изградба на паркинг простор, а се надевам дека ќе го ставиме на туристичката мапа на општина Босилово и Република Македонија“, Зоран Зимбаков – градоначалник на Босилово./ 24вести