Синоќешниот напад со беспилотни летала врз Москва покажува дека главниот град на Русија брзо се навикнува на војна која ќе се прелее на руска територија, изјави советникот на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михајло Подољак.
„Се што продолжува да се случува во Русија е објективен историски процес. Повеќе неидентификувани беспилотни летала, повеќе урнатини, повеќе граѓански конфликти, повеќе војни…“, рекол Подољак, пренесува „Униан“.
Русија соопшти дека синоќа бил спречен обид за напад на украински беспилотни летала врз Москва и Московската област, а едно беспилотно летало ја оштетило фасадата на една од кулите Москва-Сити и го скршило стаклото на 150 метри квадратни.