Подвиг на научници: Спреј го убива коронавирусот за само еден час

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Научниците од американскиот универзитет „Вирџинија Тек“ веруваат дека пронашле решение за дезинфекција: површински слој, кој го убива коронавирусот во рок од само еден час.

„Тезата е дека кога вирус со капки паѓа на тврда површина, тој не е активен во тој момент“, објаснува главниот автор на студијата, Вилијам Дакер, професор по хемиско инженерство, кој заедно со уште двајца колеги учествувале во проектот.

Тимот тесно соработува со Лео Пан, професор на школата за јавно здравје во Хонг Конг. Пан е познат по неговото истражување за вирусот САРС-КоВ-1, одговорен за епидемијата САРС во 2003 и 2004 година.

Тимот на Дакер успеа да направи слој што убива дури 99.9% од вирусот за еден час откако ќе се примени на површината, било да е тоа стакло, не’рѓосувачки челик или некои други материјали. Исто така е ефикасен откако ќе остане во вода една недела.

„Еден час е најкраткиот период што го тестиравме досега и сега ги тестираме перформансите за уште пократко време“, рече Дакер. Истражувачите се надеваат дека нивниот слој ќе функционира по неколку минути.

Се испитува можноста за масовно производство и не се лупи дури ни кога ќего пресечете со скалпел, а ги уништува вирусите дури и по повеќекратно изложување.

Слични содржини