Поевтинуваат дел од горивата

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходнатa пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,608%, кај дизелот намалувањето е за 5,088%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,799% и кај мазутот намалувањето е за 1,138%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,107 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,661 ден/кг.

Од 30.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,661 (денари/килограм)

Слични содржини