Поевтинуваат водата и пивото, се намалува и маржата кај овошјето и зеленчукот

од Nikola Popovski
366 прегледи

Владата одлучи да го прошири списокот на производи со гарантирана цена. Како што информира денеска премиерот Димитар Ковачевски, ќе поевтинат и безалкохолните пијалоци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото.

Донесена е одлука и за намалување на цената на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што како истакна премиерот, дополнително ќе се намалат цените во износ до 30% за овие производи. Ковачевски наведе дека ќе следува намалување на увозните давачки за свеж зелечук, ориз, агруми, лимони, портокали и мандарини.

Премиерот посочи дека со најновата одлука ќе бидат опфатени светлото и лагер пивото.

Со ова највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 19-ти септември 2023 година, со што цените се намалуваат за 10%. Како и кај останатите производи, и кај овие ќе стои ознаката „гарантирана цена“.

Одлуката стапува на сила од утре и ќе трае до 30 ноември.

Слични содржини