Избор од поезината на македонскиот поет Митко Гогов е претставена во новоиот број на месечното списание на литература „Chinese Language Monthly“ во Кина .

На десетина страници се поместени стихови кои се дел од неговиот поетски опус, а во препев на Tze-min Ition Tsai, универзитетски професор, уредник и преведувач.
Годинава тој е поканет да учествува на Интернационалниот поетски фестивал „Формоса“ во Тајван, а ова е четврта публикација на неговата поезија за само неколку месеци на истокот.
Mитко Гогов, 1983, е автор кој пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, САД, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен е со неговата стихозбирка „Ледена вода“ издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).