Погба побарал плата од 28 милиони евра на Реал Мадрид

од Vlatko K
123 прегледи

Пол Погба е еден од главните трансферни цели на Реал Мадрид. Тој е многу посакуван од тренерот
на „кралевите“ Зинедин Зидан. Според информациите на „Индепендент“, францускиот
репрезентативец побарал плата од 28 милиони евра за да премине во мадридскиот тим.
„Белите“ сериозно се колебаат околу износот што Погба го бара.


Ако пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ и добива сличен надоместок, тој ќе стане најплатениот играч
во Реал Мадрид.

Халфот моментално добива плата од 17 милиони евра годишно во Манчестер Јунајтед.
Герет Бејл, кој зема 15 милиони евра годишно, е најплатен во моментов во „белиот“ тим, а платата
на Серхио Рамос изнесува 11,8 милиони евра.

Сепак, шпанскиот клуб не се откажал од идејата за привлекување на францускиот репрезентативец
и е во постојан контакт со неговиот агент, Мино Рајола.