Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сака значително зголемување на неговата плата во
случај на трансфер во Реал Мадрид.

Светскиот шампион од Светското првенство 2018 инсистира на добивање на 24 милиони евра за
сезона наместо сегашните 17, информира „Дон Балон“.
Во Реал, сепак, не се подготвени да платат толку многу, па се насочиле кон уште три други
потенцијални кандидати. Ова се Кристијан Ериксен, Миралем Пјаниќ и Дони ван де Бик.
Данецот, исто така, има високи финансиски барања, но заедно со Погба се фаворити на тренерот
Зинедин Зидан