Бомбата екслодира во близина на канцеларија на Ахмет Давутоглу, во погодениот автобус имало војници
https://youtu.be/WsKHjD5vQTQ
Во мрежата се појави видео од местото на експлозијата, која ја потресе турската престолнина малку пред 19 часот вечерва. На кадрите се гледа како автомобил полека се приближува до автобус, во кој, според информации на властите, имало војници.Од видеото станува јасно уште дека експлозијата е до автобуската станица, на која имало многу луѓе.
По експлозијата тие тргнуваат да бегаат во паника. На 200 метри од местото до кое е подметната бомба, се наоѓа еден од канцелариите на турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Местото на експлозијата е блокирано од полицијата, сите луѓе се евакуирани поради опасност од втора експлозија.
Последно е дека бројот на загинатите се зголеми на 28. Повредените, кои според последните податоци се најмалку 75 лица, се однесени во различни болници. Врховниот совет за радио и телевизија на Турција објави забрана за медиумско покривање од местото на експлозијата.