Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од корисниците од Центар без струја поради дефект на трафостаница

Центарот за управување со кризи ЦУК соопшти дека се работи за пожар на дивата депонија Вардариште.

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од Електродистрибуција соопштија дека нивни екипи се упатени на лице место со цел санација на дефектот.

Центарот за управување со кризи ЦУК соопшти дека се работи за пожар на дивата депонија Вардариште.

-Во прашање е поголем пожар каде што е зафатен поголем простор, но можно не и постар објект. Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.