Поголема дневница и слободен ден за лицата кои ќе работат во недела

од Берта Китинска
318 прегледи

Недела неработен ден, но сепак оваа одлука нема да важи за сите. За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела, изјави  во вестите „Сител“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи. Ќе има исклучоци  за 34 дејности и дејностите кои се поврзани со колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор.Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната, вели Битиќи.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска недомана изјави дека недела-неработен ден ќе биде исклучок за некои дејности.

„Нашата идеја е недела-неработен ден, а исклучоци треба  да има. Тоа се здравството, безбедносните сили, полицијата, противпожарната служба, тешката индустрија и сите дејности кои се од витално значење за општеството,“ истакна Шахпаска.

 

Слични содржини