Поголема излезност на предвремените парламентарни избори во однос на претседателските избори 2019 до 10 часот

од Берта Китинска
327 прегледи

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Одѕивот на гласачите до 9:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.024 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 6,60 отсто. До 9:00 часот на гласање излегле 119.775 граѓани, како што е објавено на страната rezultati.sec.mk.

Во споредба со Претседателските избори кои се одржаа во 2019 година до 10 часот во првиот круг излегле 81.869 гласачи односно 6,05 проценти.

Слични содржини