Погребан Ѓорѓе Балашевиќ, тамбураши ја свиреле „Оливера“

од Stefanija Kuzmanovska
405 прегледи

Нешто пред 13 часот, на Новите гробишта во Нови Сад, беше погребан Ѓорѓе Балашевиќ во кругот на неговото најблиско семејство, пренесе „Нова.рс“.

Телото од капелата го испратија тамбураши со песната Aco braco, а потоа продолжиле со Malom riđom, додека на самото гробно место ја отсвиреле Oliverа.

На погребот присуствуваа ќерките и сопругата на Оливерa и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ. На погребот бил присутен и градоначалникот на Љубjана, Зоран Јанковиќ. Семејството Балашевиќ некое време живееше во Словенија.

Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред пет дена, каде се лекуваше од пневмонија. Почина на 19 февруари.

Слични содржини