Ко-основачот и командант на групата „Вагнер“ Дмитриј Уткин погребан во Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Коосновачот и еден од командантите на руската паравоена група „Вагнер“, Дмитриј Уткин, беше погребан денеска во близина на Москва, откако загина во авионска несреќа во која загина и лидерот на групата Евгениј Пригожин.

Како што јави „Ројтерс“, Уткин бил водач на вооружениот конвој на „Вагнер“ со бунтовниците кој се упатил кон Москва, со цел да го принуди военото раководство на Кремљ да поднесе оставка, поради неуспехот на војната во Украина.

Агенцијата додава дека краткотрајниот бунт го претставувал најголемиот предизвик за Путин откако тој дојде на власт во 1999 година, што го натера да ги обвини нејзините водачи за „предавство“ и „прободување нож во грб“.

Слични содржини