Погребан млад полицаец, неговата сестра и нивен пријател: Цело село се прости од трите жртви на убиецот од Младеновац

од Nikola Popovski
481 прегледи

На гробиштата во српското село Дубона денеска беа погребани полицаецот Милан П., неговата сестра Кристина, како и Далибор Т., жртви на крвавиот пир на Урош Б.(21) кај Младеновац.

Голем број локални жители се собраа да ги испратат Милан, неговата сестра Кристина и Далибор. На погребот присуствуваше и српскиот министер на полицијата, Братислав Гашиќ.

Погребот во селото Дубона започна околу 14 часот, а стотици мештани и голем број полицајци, колеги на убиената Милне П., ги испратија жртвите до вечните почивалишта. Колегите на убиениот полицаец се уште не можат да поверуваат дека тој повеќе не е меѓу живите.

Да потсетиме, вчера во Мало Орашје кај Младеновац, беа погребани пет жртви.

Исто така, беа погребани и жртвите на Коста К.(14) кој во средата уби девет лица, а рани шестмина во училиштето „Владислав Рибника“. Во Србија вчера беа погребани 10 жртви на два страотни масакри.

Јавноста во регионот се уѓте не може да се опорави од страшните трагедии кои се случија во изминатите неколку дена

Слични содржини