Погрешните правила за мебелот кои не треба да ги следите

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Кој вели дека домот треба да е декориран и уреден по правила? Сè е прашање на вкус и понекогаш овие правила и стереотипи спречуваат повеќе отколку што помагаат во декорацијата на станот.
Еве по кои правила за декорирање на домот не мора да се раководите!

Правило: сè мора да одговара на боите
Премногу еднообразно е, ако ја организираме целата декорација во станот, па да е во една палета. Постојат бројни бои, со кои ќе ја „раздвижите“ декорацијата во домот. Прашање на вкус е, се разбира, но се можни многу комбинации кои ќе ви помогнат станот да изгледа пријателски, светол, простран и со пријатно расположение.

Правило: купувам мебел кој оди во комплет
Кујнскиот мебел обично оди во сетови. Но тоа не ве прави должни да ја пренесете идејата од продавницата директно во домот. Ослободете ја имагинацијата и составете го „ансамблот“ од мебел по ваш избор. Забавно е кога правите сè во својот дом по свој вкус.

Правило: никогаш не бојадисувајте мала соба во темна боја
Многу луѓе се раководат од ова правило, бидејќи сметаат дека темните бои ќе ја стеснат оптички уште повеќе просторијата. Тоа не е сосема точно, под услов да се стават доволно светли акценти во неа. Постојат и други начини за оптичко проширување на просторот.

Правило: лепете го мебелот до ѕидовите
Редењето на мебелот цврсто до ѕидовите се прави со цел да се ослободи простор. Да, меѓутоа овој застарен модел е здодевен и тривијален. Пак и не е задолжително така да заштедите простор. Можете да го направите истото и ако го позиционирате мебелот во средината или ги раздвижите парчињата во различни сетови.
Правило: таванот треба да е бел
По старомодните правила е така, но веќе не треба да се раководите од ова правило. Можете да го бојадисате таванот во окер, беж и дури во други свежи бои.

Правило: нередот е штетен
Ова тврдење може да биде оспорено. Многу личности со исклучителни дарови се всушност многу расфрлани. Колкав и да е вашиот хаос, нема никаков проблем, освен ако не се чувствувате лошо. Ако ви е добро, нема од што да се грижите. Неуредните личности се многу интелигентни.